← НАЗАД НА БОЗА

Тој е бесчуствителен или вие претерувате?

Тој е бесчуствителен или вие претерувате?
1333 Читања

Вие сте вознемирени затоа што направил нешто со кое многу ве повредил. Можеби повторно и се смешкал на колешката на работа? , па ги повреидл вашите чуства? Но на подигнат тон и на прашањето- Како можеше тоа да ми го направиш?, тој реагира така што само ги крева рамената, и кажува како неможе повеќе да се носи со тоа и излага треснувајќи ја вратата.

Тој неможе да се носи со тоа? Каква дрскост. Вие сте повредени, тој е виновникот и на крај неможете да се носите со тоа?! Преминувате во фаза на плачење. Не можете да верувате дека ве остави повредени и тоа по негова вина. Каков кретен!

Потполно сте во право. Тој би требало да се справи со тоа, т.е.со вас. Но, проблемот е што вас не може да ве слушне од крокодилските солзи. Потполно е глув поради начинот на кој разговарате со него.

Повеќето мажи се плашат од емоционалните испади. Во такви ситуации најлесно е да се лутите. Тие се научени од детство дека плачењето е забрането “за да бидат мажи за да издржат”. Солзите претставуваат губење на контрола.

Но тоа не значи дека никогаш не смеете да плачете или да ги изразите вашите емоции. Вашите емоции се вредни и скапоцени! Само затоа што вашиот дечко не може да се носи со вашите солзи , тоа не значи дека не треба да се исплачете за да ви биде полесно. Плачењето не е проблем, проблем е вашиот обид да плачете со крокодилски солзи пред вашиот партнер. Исплачете се, само немојте во исто време да разговарате со него.

Што треба да направите ? Откако ќе ги избришете солзите и се смирите, прашајте го дали е спремен да разговара со вас за тоа што се случило. Разговарајте мирно и без солзи, затоа што само на тој начин ќе можете да разговарате.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk