Иако во последно време за Том Круз може да прочитате буквално сè, режисерот на филмот „Mission Impossible – Ghost Protocol“, Бред Бирд го испофали, а на прв поглед не може да се забележи дали Том го заслужува тоа.

–   Том Круз ме уништи. По него, навистина не можам да сфатам зошто ниеден друг актер не сака да ги снима опасните сцени, на пример, да виси од зграда – изјавува Бред.

Режисерот додава и дека Круз навистина ужива во снимањето на филмот, дека е неверојатно пристоен, дека никогаш не касни и секогаш си ја сработува домашната задача.

Во новото продолжение на Невозможна мисија со Том Круз ќе глумат и Џереми Ренер, Паула Патон и Симон Пег. Филмот е сниман на највисоката зграда во светот, Бурж Калифа во Дубаи.

Ова е трејлерот, во случај да не сте го погледнале:

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=V0LQnQSrC-g

Напиши коментар