Порано диоптриските очила беа само помагала, а денес се еден од главните модни детали кои го заокружуваат модниот стил. Трендовски рамки со големи димензии во темна боја или класични модели со неутрална боја? Како да ги одберете вистинксите очила?
Дали знаевте дека диоптриските очила постојат од 13-ти век. Сеуште не е познато кој е заслужен за овој изум кој на многумина им го промени животот. Познато е само дека тие се појавиле за прв пат кон крајот на 13-ти век во околината на Венеција, во местото Мурано.

Облиците и големината се менуваат од година во година. Има милион варијанти кои се лесно прилагодливи според вашето лице, обликот и цртите.
Оваа сезона во тренд се диоптриски очила со голема рамка и во темна боја. Сепак наш совет е да не го следите слепо трендот. Обрнете внимание на цртите на вашето лице.

Ова се неколкуте очила кои се ин оваа сезона.


