Celebrity

Траволта како српски војник!

Џон Траволта ќе ја игра улогата на српски војник во најновиот акционен трилер „Killing Season“ каде ќе глуми заедно со Роберт де Ниро.

Филмот започнува со една случајна средба на еден воен веретан кој го игра Роберт де Ниро и еден европски турист чија улога е на Траволта на едно планинско одморалиште. Меѓутоа, набрзо се дознава дека туристот е српски војник желен за одмазда, а воениот ветеран негов непријател.

Овој напнат трилер  ќе го режира Марк Стивен Џонсон, а снимањето треба да започне во почетокот на 2012 година.

Напиши коментар