Сте откриле дека партнерот на вашата најдобра пријателка ја изневерува. Тоа ужасно ве измачува и се чудите како да постапите. Ако и кажете, таа може и да не поверува и да ви се налути што така зборувуте за нејзиниот сакан. Ако пак ви поверува, најверојатно повторно ќе се налути, бидејќи вакво болно нешто го дознава токму од вас. Срамот и гневот прават убиствена комбинација, од која никој не излегува среќен. Ако пак премолчите, ја нарушувате среќата на вашата пријателка, зошто неверниот маж ќе биде таков и понатака.
Да, ситуацијата е повеќе од комплицирана и решението е само ваше. Затоа погледнете убаво од сите страни, помислете за врската или бракот на вашата пријателка – дали таа е среќна со тој човек, дали на него му е прв пат да ја изневери, дали воопшто сте во состојба да помогнете или одмогнете и дури потоа одлучете како ќе постапите. Нашето мислење е дека една ваква болна вест заслужува да се соопшти само ако со тоа и помогнеш на пријателката – ако врската не е како што треба, ок, тогаш кажи и, тоа ќе биде само капката што ќе ја прелее чашата. Но ако се помеѓу нив е во ред и таа е задоволна од својот живот со него и верува дека се еден за друг, а ти си видела само еден негов „мал“ излет, подобро е да премолчиш…
