Убавина

Трендови на лакови за нокти

Косата на брзина ја фаќаме во репче, нанесуваме пудра и руж, се напрскуваме со омилениот парфем, меѓутоа ноктите… Ех ноктите се друга приказна, на многу девојки и жени ноктите и не им се на приоритетната листа. Долго време популарно решение беше гелот за  нокти кој се покажа дека е опасен за здравјето на ноктите и канцероген. Ноктите се важен моден детаљ на секоја современа жена. Тие се одраз на сензибилитетот и сексипилот на жената. Денес се во светот на модата кога станува збор за ноктите постојат неколку варијанти на лакирање на истите. Која и да ја одберете нема да погрешите.

Колку сте креативни нека покажат вашите нокти.

Фолиите Minx

Познатите Beyonce Knowles, Mariah Carey, Lady Gaga, Katy Perry и Rihanna се само некои од славните девојки кои својот стајлинг го надополнија со атрактивните фолии за нокти. Налепниците (фолиите) Minx се во различни металик бои, украсени со блескави честички налик циркони или разни откачени принтеви. Постапката за обликување па лепење на фолиите со помош на инфрацрвено светло не трае повеќе од половина час, а гламурознаста која ќе ја добијат вашите нокти ќе трае цели 2 недели. Добро поднесуваат вода и детергент за садови а вадењето е едноставно. Нанесувањето на овој вид на лак за нокти најубаво е да го направите во некој козметички салон, не се препорачува да ги нанесувате сами бидејќи нема да го постигнете очекуваниот ефект. Вадењето е многу едноставно , се што треба да направите е да го вклучите фенот за коса и 1 минута со топол воздух да дувате на ноктите. Овој вид на лак го има во безброј принт варијации, од пепита ( различни бои ), мали костурски глави, па се до леопард пеги за оние повеќе „откачените“.

Магнетен маникир

Станува збор за уредување на ноктите за кој се потребни базен, магнетен и завршен лак за сјај и секако помал магнет. Магнетниот лак содржи микрочестички кои ги привлекува магнетот и ноктите добиваат пругаст или ѕвездест лик. Овие лакови во светот на козметиката се наречени НЛЦ лакови. Се темалат на „здрава“ база на компоненти, немаат акрил и сите компоненти се компатибилни со природните состојки на ноктите.  Овој вид на маникир можете да го направите и сами во својот дом, со тоа што после лакирањето нанесете помада на врвот на прстите.

Shellac

Проверено, ноктите после овој маникир изгледаат совршено цели две недели. Овој маникир се состои од  4 слоја, и тоа една база, два премази со лак кои се сушат под УВ ламба две минути и на крај ноктите се премачкуваат со премаз со висок сјај заради постојаност на бојата. Овие лакови не содржат никакви гелови, акрили, формалдехиди, толуени, состојки кои во одредена количина се и токсични. Овој вид маникир гарантира екстра издржливост на нанесениот лак, вашите нокти ќе пораснат а лакот ќе биде уште со совршен изглед. Лесно се отстранува, доволно се неколку минути ватата натопена со ацетон да постои на ноктите .

Croco & Crackles

Croco & Crackles  грозницата оваа сезона ја тресе модната сцена. За што всушност станува збор? Со помош на специјални НЦЛ лакови за нокти, по лакирањето настануваат атрактивни “пукнатини”- во прав случај во облик на квадратчиња, а подоцна  во лакот се распукува во “неформирани”линии. Croco  постои во четири колор варијанти (смеѓа, црна,црвена и циклама). Додека се лакирате можете да направите  14- мат различни комбинации. Но  крајниот ефект зависи од бојата на подлогата па бројот на комбинации и многу голем. Ако на пример ви се допаѓа црниот лак во дневна варијанта може да го комбинирате без подлога, додека за вечерно излегување изберете гламурозна варијанта со сребрена светликава подлога, баш во складност со популарниот gothic стил.

 

Write A Comment