Celebrity

Третиот “Мамурлук” ќе биде трагедија!

Првите фва филма беа заразно смешни, но третиот ќе има трагичен крај, открива сценаристот.

Крег Мејзин, еден од сценаристите на филмот „Мамурлак“, открива дека продуцентите планираат морбиден пресврт во последното продолжение на серијалот.

–  Третиот филм ќе биде трагедија. Планиравме Даг (Џастин Барт) да се наоѓа на гробишта и да ги чита имињата на своите починати пријатели, како и на својата жена. А тогаш влетува и друг човек кој му кажува дека и кучето му погинало, – изјавил Мејзин.

Бредли Купер исто така најавил дека режисерот Тод Филипс нема да го задржи веќе испробаниот рецепт и во третиот дел.

–   Првиот дел беше во Лас Вегас, вториот во Бангкок, а третиот ќе го сместиме во Лос Анџелес и нема да има никаква врска со претходните два, – вели тој.

Снимањето на третото продолжение треба да започне следното лето.

Write A Comment