Убавина

Третман за меки и сочни усни

Убави, меки негувани усни предизвикуваат бакнежи! Затоа обрнете внимание на усните. Направете третман од кој усните ќе ви бидат меки и сочни, на нив нема да може да одолее спротивниот пол. Кармин на усните да, но само ако усните се негувани и меки.

Мед

Измешајте една лажица мед со една лажица сода. Со оваа паста намачкајте ја устата и оставете нека делува неколку минути. Изијте ја устата, а потоа нанестете неколку капки маслиново масло. Тоа ќе и ја даде потребната влажност на устата.

Шеќер

Измешајте малку шеќер со неколку капки вода. Нанесете ја смесата на усните и нежно истријте ги. Така ќе го отстраните слојот на мртви клетки, и усните ќе бидат меки и нежни. На вакви усни може да нанесете кармин, кој ќе изгледа неверојатно подобро.

Шеќер и сол

Пилинг на усните може да направите и со шеќер, сол и вазелин. Имешајте ги состојките и нанесете ги на усните. Истријте ги усните и нанесете им малку мед.  Вашите усни ќе бидат спремни за врели бакнежи!

Write A Comment