Скарлет Јохансон, пејачката Тејлор Свифт и Леа Мишел сеостри ривалки кога станува збор за главната улога во филмската адаптација на еден од најголемите класици на сите времиња, односно романот „Клетници“ на Виктор Иго.
Режисерот Том Хупер се подготвува за голема адаптација на ова популарно дело, а за останатите улоги наводно веќе се регрутирани неколку славни имиња од типот на Хју Џекман, Расел Кроу, Ен Хатавеј и Џеофри Раш.
Снимањето се планира да започне во почетокот на наредната година. Останува уште да видиме која од трите убавици ќе се најде во главната улога на следниот филмски хит.
