Анџелина Џоли се соочила со судска тужба поврзана со нејзиниот режисерски првенец „Во земја на крв и мед“. Познатата актерка била обвинета од новинарот Џејмс Џ. Брадок „од Хрватска“, кој според „Дејли мејл“ тврди дека Џоли ја базирала својата приказна врз неговата статија објавена во 2007 година.
Во неа пишувало за една жена која постојано ја силуваат војници, па потоа морала да работи како слугинка на заповедникот, што не е работа која ја добиваат заробениците.
Слична приказна има и филмот на Џоли во кој дејството се врти околу муслиманката Аија, но таа се вљубува во србинот Даниел. По некое време тој станува нејзин чувар. Филмот треба да излезе овој месец, а новинарот бара од судот да му се плати оштета поради преземената идеја за приказната.
Ова е втора тужба за Анџелина во последно време. Претходно дадилката Ана Шарлото ги тужеше неа и Бред Пит дека ја отпуштиле додека била на боледување.
