Celebrity

U2 е најдобриот бенд во последниве 25 години!

Ирскиот бенд U2 е прогласен за најдобар бенд во последниве 25 години, сопред читателите на магазинот „Q“.

Во понеделникот вечерта, во Лондон, се одржа доделувањето на наградите на најпознатиот британски музички магазин, кој го прогласи бендот на Боно Вокс за најдобар во изминатиов четврт век.

Групата „Coldplay“ е прогласена за најдобра на денешницата, а пејачката Адел си однела со себе дури две признанија – за најдобар женски изведувач и за најдобра песна со „Rolling in the Deep“.

Ноел Галагер е именуван за икона на магазинот. Тој додека ја примаше наградата призна дека оваа награда не му донела ни приближно толку радост колку што му донела победата на Манчестер Сити над Манчестер Јунајтед од 6:1, изминатиов викенд.

Меѓу останатите наградени се најдоа и: Фетбои Слим за најдобра инспирација, Кајсер Чифс за иновација во звукот, Тајни Темпа за најдобар музички изведувач и др.

Напиши коментар