Една од водечките тенденции последниве неколку години е природниот изглед, што се однесува до шминката и фризурите. Едно е она што го гледаме на модните писти, силна упадлива шмина и крајно стилизирани фризури, но тоа е специфичен стајлинг соодветен за вечерно излегување.

Можеби е спротивно на она што повеќето го мислат, но минималната шминка и небрежната фризура ја прават жената многу поубава во очите на мажите. Природниот изглед ќе допринесе за поубав и свеж надворешен изглед. Што се однесува на косата, подобро откажете се од бојадисување и покажете ја прирадната боја на вашата коса, кој таква каква што е, ќе ви прилега најмногу. Ако сепак не можете, тогаш изберете природни и меки бои кои се слични со вашата природна боја на косата. Погледнете ги овие прекрасни жени со природен изглед, без многу шминка и небрежни фризури.


