After Midnight

Убавите жени предизвикуваат стрес кај мажите?

Присуството на многу привлечна жена во друштво на мажи имало негативен ефект врз машкото здравје. Истражувањето покажало дека само еден разговор со сексипилна убавица предизвикува кај претставниците на посилниот пол огромен стрес.

Шпанските специјалисти докажале дека разговорот со убава жена е вистинска мака за господата. Експертите тврдат дека само 5 минути се доволни за да се стресираат мажите до максимум.

Присуството на убавица предизвикува огромен прилив на адреналин кај мажите, нивото на овој хормон се зголемувал до толку, како при скок со банџи.

Меѓу другото, во ова истражување било докажано дека мажите кои имале подолго време односи со убава жена имаат посилен имунитет против стрес од секаков вид.

Write A Comment