Режисерот Мајкл Беј и продуцентот Стивен Спилберг најавија дека четвртиот и петтиот дел на филмот „Трансформери“ ќе бидат снимени без пауза, односно ќе се снимаат паралелно. Сеуште не е потврдено кој ќе ги режира двете продолженија.
Беј потврди дека нема да се врати на франшизата која веќе остана без двата главни актери – Меган Фокс доби отказ и беше заменета со Роузи Хантингтон Вајтли, а Шаја ЛаБаф самиот се повлече од филмот.
Третиот филм „Трансформери“ заработи 1,1 милијарда долари на касите низ сите светски кина.