Романската поп принцеза Александра Стан премиерно го прикажа своето ново музичко видео за последниот интернационален сингл со наслов „1.000.000“.
Овој сингл е трет по ред од деби албумот „Saxobeats“на 22-годишната пејачка и некако му доаѓа како логичен избор по големите хитови „Mr. Saxobeat“ и „Get Back“. Ако паметно се промовира, песната може да се искачи како на европските, така и на американските музички листи.
Видеото е доста солидно, иако во него не се случува ништо посебно, освен што Александра се пресоблекува неколку пати, на различни сцени.
Ѕирнете го и сами:
