Убавите и добро негувани раце зборуваат многу за својата сопственичка и за тоа дека таа е жена што се грижи за својот изглед. Ако сте од оние на кои им е важно секогаш да изгледаат добро и модерно, тогаш треба да сте во чекор со новите тенденции што се однесува на маникирот. Убавиот маникир секогаш ќе биде во мода. Сезонава се модерни не многу долги нокти со бадемова форма. Матовите нијанси се најпопуларни оваа сезона како и класичниот француски маникир кој никогаш не излегува од мода, но овој пат во игра се и други комбинации на бои освен белата. Не помалку актуелни се и седефастите нијански во златна и сребрена боја. Погледнете неколку интересни идеи во галеријата што следува.








