Често ви се случува поради невнимание да си ги искинете хулахопките???
Се е совршено, но во еден момент здогледувате мало дупче на хулахопката. Тоа може да се случи поради не квалитетот на хулахопката или случајно да ја закачите за некој предмет.
Постои еден интересен и лесен трик како вашите хулахопки да бидат поеластични, а на тој начин да им го продолжите рокот на траење.
Земете пластична кеса за замрзнување, отпакувајте ги хулахопките ставете ги во кесата за замрзнување и убаво затворете ја кесата. Следно што треба да направите е само да ја ставите кесата со хулахопките во замрзнувач. Почекајте околу 4-6 часа, извадете ги холахопките почекајте да се одмрзнат и …ќе бидете изненадени!!!…
Имено хулахопката добива сјај и е поеластична!!!
Верувале или не ова е тајната на квалитетните хулахопки.
