Убавина

Вештачките трепки – како правилно се поставуваат?

Бидете неодолива со новите долги и густи трепки и секси погледот на вашите очи!

Густите и долги трепки се желба на секоја жена. Тие го разубавуваат окото, придаваат примамливост на погледот и убав завршеток на шминката. Употребувани од жените во целиот свет и масовно од ѕвездите во Холивуд, тие се поставуваат лесно, перфектни се и придаваат на погледот неодолив шарм и сексипил. Бидејќи сме слушале многу жени да се жалат за тоа дека не знаат како се поставуваат вештачките трепки, решивме да ви помогнеме и да ви покажеме како се поставуваат и тоа во неколку лесни чекори.

Откако ќе ги одлепите внимателно трепките од пакувањето, со помош на чачкалица за заби нанесете од лепилото по целата основа на трепките и оставете ги 5-6 секунди лепилото да се засуши.

Со помош на пинцета доближете ги трепките до горниот капак од окото и внимателно залепете ги по должината најпрво средишниот дел, а целта е да се зафатат некаде за да можете полесно да ги залепете краевите после.

Со два прста притиснете ги краевите на трепките и почекајте малку, за да можат цврсто да се фиксираат бидејќи ако лепакот е сеуште течен, тие ќе ви се одлепат.

Ако случајно ви се размачка лепило и таму кај што нетреба, внимателно отстранете го со чепкалка за уши натопена во бебешко масло.

За да не се гледа лепилото нанесете тенка линија со туш или пак темни сенки за очи со кои ќе го прикриете лепилото и основата на трепките.

Нанесете еден или два слоја маскара за да можат вештачките трепки да се слеат со вашите.

Ние ви ги препорачуваме вештачките трепки наречени „половинки“, кои се лепат само од средината до надворешниот крај на окото, бидејќи се поставуваат многу полесно, не се многу нападни и најважно од се му придаваат издолжена бадемаста форма на окото.

 

 

Write A Comment