Free zone

Весли конечно ќе ги остави тестисите тешки 45 килограми!

Американцеот Весли Ворен Џуниор се соочи со страшен проблем. Тој додека спиел ги притиснал тестисите при што почувствувал неиздржлива болка. Следното утро тестисите му биле отечени како фудбалска топка.

Од тогаш, од 2008 година тој имал огромен проблем. Неговите тестиси постигнале тежина од 45 килограми. До сега Весли живеел и болувал во тишина, но маката го натерала да си го признае проблемот.

За да се отстрани оваа болка тој требал да плати еден милион долари. Затоа и се обратил на јавноста.

Храбриот Весли изјавил: “ Сакам да имам вистински пријатели и девојка, не ми паѓа на памет да се убијам, прејак сум за да го направам тоа”.

Тој не сакал да открие колу пари собрал до сега, но е сигурен дека ќе се ослободи од оваа ситуација.

Напиши коментар