Бидејќи никој не може да земе и да вежба наместо вас, така не мора и никој да ви каже колку и кога да вежбате. Болката и напнатоста во мускулите влијаат на желбата за мачење. А, секој би станал од кревет, кога некој човек полн со енергија и ентузијазам, доаѓа и ве тера на тоа. Од старт ќе ви ја пренесе добрата енергија и ќе заборавите на болката и уморот.
Поставувајте си ниски цели. Бидете реални, само вие можете да процените колку сте способна да издржите. Не се залажувајте дека ќе симнете 5 кила за 5 дена. За почеток 30 минути вежбање. Ова е изводливо и за почетник, а на задоволството од исполнувањето ќе му нема крај.
Најважно е прво да си поставите цел. Откако точно ќе прецизирате, без претерување, што сакате да постигнете на ред е дневната програма.

– вежбајте онолку колку што сте физички подготвени. Ако претерувате брзо ќе се откажете, ако програмата е премногу лесна нема да имате резултати.
– водете дневник. Запишувајте колку време трае тренингот, кои и по колку вежби правите. Така ќе имате увид и ќе знаете кога е време да ги зголемите.
– образувајте се. Прочитајте или погледнете некое фитнес видео, за да знаете дека правилно ги изведувате вежбите.
– набавете опрема. Тука спаѓа спортска облека, квалитетни патики и најважно од се инспиративна музика.

– не се плашите да правите промена во планот. Нема никој да ве казни за тоа ако едноставно така повеќе ви одговара.
– наградувајте се. За секој видлив резултат давајте си награда. Ако уживате во сладолед, слободно изедете еден, ако сакате еден ден без вежби, направете си пауза…
