Интимните вежби можат да ја подобрат вашата сексуална кондиција, а можете да ги правите било кога и било каде. Уживањето за време на сексот кај жената освен од партнерот зависи и од мускулите на карлицата и вагината. Овие мускули со текот на годините или по породувањето го губат тонусот па затоа треба да се вежбаат.
Пробајте наеднаш да ги стегнете мускулите , како кога треба да се воздржите од одење во тоалет. Задржете ги мускулите во затегната положба 8 секунди и потоа опуштете ги. Направте неколку серии на вежби со долго стегање на мускулите . Истава вежба пробајте ја во кратки интервали, стегајте и отпуштајте во интервал од една секунда.
Овие вежби вежбајте ги во сите позиции- кога седите, стоите и лежите. Никој нема да примети дека ги правите вежбите и во ситуации кога чекате на шалтер, во чекална , во автобус можете слободно да ги изведувате Кегеловите вежби.
