Celebrity

Ви треба куќен дух? Побарајте го Бен Стилер:)

Еден од најпознатите и најоткачените светски комичари, Бен Стилер ќе игра во филмот „Изнајмете дух“ заснован врз истоимената британска серија за деца.

Бен Стилер ќе ја игра главната улога во филмот на филмското студио „Ворнер Брос“. Филмот е за една агенција која изнајмува духови.

Главната улога најпрво му била понудена на Расел Бренд, но тој од непозната причина се откажал од проектот.

Сценариото е дело на Томас Ленон и Роберт Гернат, кои со Стилер соработуваа и на комедијата „Луда ноќ во музејот“.

Напиши коментар