Убавина

Викенд нега за свеж понеделник

ВИКЕНД НЕГА ЗА СВЕЖ ПОНЕДЕЛНИК

Во текот на работната недела се уморуваме и одвај чекаме да дојде викендот како би се одмориле и посветиле време за себе. Во текот на викендот треба да се направат многу работи, но не се заборавајте себеси… Затоа што Вие сте најважни, пронајдовме неколку совети за тоа, како да го освежите своето тело и да бидете свежи цела работна недела.

Нега на тело

Телото односно кожата, во текот на работната седмица е под постојан стрес, губи свежина и голем процент на вода, постојано се суши и пука. Според тоа за време на викендот потребно е да му се посветиме и да му помогнеме подобро да се регенерира. Најдобро решение е загревање на вашата бања на повисока температура и полна када топла вода и неколку капки етерично масло. Уживајте во моментот, но не заборавајте нежно да го поминете секој дел од вашето тело. На тој начин ќе ги отстраните сите наталожени мртви клетки на вашето уморно тело, ќе ја зголемите циркулацијата, а крајниот резултат е нежна и мека кожа.

Доколку ве викнат да излезете на некое кафе или дискотека, потрудете се  вашите пријателки да ги убедите да отидете во некој спа центар. Освен тоа што убаво ќе си поминете, вашето тело ќе ви биде бескрајно благодарно. Знаеме дека ваквото излегување вреди повеќе, но вреди да пробате… верувајте нема да да се покаете!!!

Ставете маска на лицето

Вашето лице треба добро да се исчисти, а потоа да направите пилинг кој ќе ги отстрани сите мртви клетки од вашето лице. Маската држете ја 20 минути и додека се опуштате во претходно спремената купка. Треба само да ставите маска која одговара на вашиот тип на кожа. Ние само ќе ви предложиме на вие одлучете…

Маска за сува кожа

За да направите маска за сува кожа помешајте пола шолја какао во прав, три лажици млеко, три лажици мед и две лажици од некоја хранлива крема за лице. Ставете ја маската на лицето и оставете да дејствува не повеќе од 20 минути, а потоа нежно измијте ја со млака вода.

Маска за масна кожа

За масна кожа најдобро е да помешате пет мелени бадеми, пет лажици ситно сечкан магдонос и малку маслиново масло. Маската нанесете ја на лице да делува 20 минути и потоа извадете ја со млака вода. Ефектот ќе ве изненади.

Масажа

Откако ќе излезете од купката убаво истуширајте се, користете глицерински сапун. На тој начин вашето тело е подготвено за масажа. Повикајте го вашиот партнер и замолете го нежно да ве измасира. Доколку имате етерично масло, најдобро од леванда, ружа или ментол ефектот на лесно тело нема да изостане.

Средете ги рацете

На самиот крај доаѓаат вашите раце, затоа што кожата на рацете е огледало на вашата душа. Своите нокти средувајте ги со музика која ја обожавате, тоа дополнително ќе ве опушти. Наш предлог е да помешате 2 лажици од јојобе со четири лажици етерично масло од леванда и масирајте ги рацете и ноктите десетина минути. Потоа рацете намачкајте ги со хранлива крема, ставете ракавици и ноќта преспијте ја со нив. Вашите раце ќе ви бидат благодарни, а вие самоуверени.

Write A Comment