After Midnight

Вљубени цел живот

Како по некое правило, секој што ќе го прашате за љубовен совет, ќе ви каже дека на почетокот од врските сте вљубени, а потоа тоа нешто исчезнува и врската прераснува во искрено партнерство и пријателство… Тоа не мора да биде така.

Во најновите истражувања научниците откриле дека чувството на вљубеност може да трае цел живот, а оние луѓе што успеваат да го задржат се најсреќни и најздрави.

Авторот на истражувањето, Бјанка П. Асевадо, од универзитетот Санта Барбара, вели дека многумина ја поистоветуваат вљубеноста со страста. Но, вљубеноста е окарактеризирана од интензивноста, ангажираноста и сексуалната хемија.

Страсната љубов се карактеризира со посесивноста, како еден плус на сите претходно наброени нешта. Посесивната љубов вклучува чувство на несигурност и напнатост, па поради тоа, таквите врски најчесто имаат краток век.

Во оваа студија биле анализирани 29 истражувања, со преку 6000 испитаници, во долги и кратки врски. Романтичната љубов која траела, била поврзана со зголеменото задоволство од врската.

Од 29-те, 17 истражувања биле фокусирани на кусите врски, 10 на долгите, а 2 биле комбинирани. Испитаниците кои рекле оти се вљубени биле задоволни, без оглед дали врската била долга или куса.

Оние што се изјасниле оти нивната љубов прераснала во партнерство не биле особено задоволни од своите партнери, без разлика колку долго се во интимни односи со нив.

На крајот, оние што врската ја окарактеризирале како страсна, биле среќни само на куси патеки.

Оние парови што биле задоволни од врските и кажале оти се вљубени, покажале највисоко ниво на самодоверба и општо задоволство од животот.

 

Напиши коментар