Доколку сте скептични околу употребата на белата козметика, тогаш обидете се самите да ја подготвите во вашата кујна и тоа исклучиво од природни состојки.
Избелете ги забите со лимонова кора
И покрај тоа што редовно ги миете забите и користите секакви пасти за заби, едноставно не може да ја постигнете белата боја на забите? Тогаш пробајте со лимонова кора. Нормално претходно убаво измијте ја и со неа тријте ги забите неколку минути. Лимоновата кора содржи есенцијално малсо кое поседува антибактериски својства и делува како избелувач.
Лосион за чистење шминка од оризова вода
Доколку сакате да имате убаво, бело и негувано лице практикувајте го овој совет од познатите јапонски гејши. Пред да го сварите оризот измијте го убаво. Токму таа вода која го измила оризот вам ви е потребна. Сочувајте ја во едно шише и ставете ја во фрижидер. Користете ја како лосион за отстранување на шминка. Скробот од оризот содржи витамин Е, масни киселини и антиоксиданси кои ја одржуваат влагата на вашето лице. Така за прв пат по чистењето на шминката нема да почувствувате затегање на кожата.
