Celebrity

Во затвор поради измама за концерт на “Металика”!

Организаторите на концертот на „Металика“ во Индија се пратени на отслужување на двонеделна затворска казна поради тоа што концертот бил ненадејно откажан.

Локалниот суд во Гуграон, Индија ги казнил четворицата организатори на концетот со 14-дневна казна поради измама.

Рајеш Кумар, генералниот менаџер на компанијата „DNA Entertainment Networks“, која требало да ја доведе групата „Металика“ во Индија, заедно со неговиите колеги Умеш Чинар, Ашок Синг и Савио Фалеиро, е уапсен на 28-ми Октомври поради измама со влезниците за концертот и сите  веднаш се пратени во притвор.

Адвокатот на обвинетите ќе поднесе барање за кауција. Минатиот петок, за кога беше закажан концертот, публиката дошла не знаејќи дека од концертот нема да има ништо, па отакако сфатиле што се случува, скокнале на сцената и почнале да фрлаат со сè што ќе им се најдело при рака. Парите од влезниците сеуште не се во целост вратени.

Write A Comment