Зимското сивило не и годи на женската убавина.
Резултатите од неоддамнешните истражувања покажаа дека зимата има големо влијание на жеснакта убавина. Во зима, кога е ладно и тмурно изгледаме постаро, тврдат научниците.
Подочниците се во потемна боја, кожата е бледа и сува…
Сето тоа се должи на недостаток на сончева светлина и помал внес на витамини и минерали. Во лето луѓето многу повеќе јадат свежа, здрава храна која е полна со витамини. Во зима тоа не е случај. Сето тоа се одразува на убавината.
Во зима организмот создава многу помала количина на серотонин – природно средство против депресија и тегоби.

Затоа во зима внимавајте повеќе на исхараната, нека биде богата со витамини D и K. Тие се клучни за убава и здрава кожа.
