Во зима, кога температурите се значително пониски кожата губи од својата убавина и сјај. Таа дополнително се суши, па затоа не правете да дехидрира со лошите навики, кога веќе е изложена на една поголема промена.
Долг, топол туш

Тоа можеби ви дава мир, ве опушта, но помислете што се случува со вашата кожа. Топлата вода ја суши кожата. Затоа избегнувајте да се капете со премногу топла вода.
Многу тоник

Можеби имате пријатно чувство додека го чистите лицето со тоник, ги отстранувате сите нечистотии но помислете и на тоа дека тоникот содржи одредена количина на аклохол, кој значително придонесува за сува и безживотна кожа.
Сушач за дланки

Избегнувате да ги сушите рацете со сушач откако ќе ги измите. Топлиот воздух исто така ја суши кожата. Наместо тоа употребете мека крпа, но не ги тријте рацетете туку блако тапкајте ги рацете во крпата.
Парфеми

Избегнувајте да ги ставате парфемите директно на кожата. Алокохолот во нив остава траги на кожата. Сувата кожа е нешто што изгледа најмалку привлечно.
Негрижа за вашите усни

Во зима задолжително со себе носете балсам за усни. Ветерот и ниските температури ќе ги исушат вашите усни. Покрај тоа што нема да изгледаат убаво, нема да пријатно ни чувството кога ќе го пакнете партнерот.
