Ви спремивме неколку совети за тоа како брзо и лесно да ја скоцкате вашата фризура. Ова особено ќе им се допадне на мрзеливите дами кои не сакаат или немаат време за долги подготовки на фризурата.
Доколку сакате права коса, сопрете го виткањето пред да започне. Користете шампон и регенератот со арган. Тоа ќе ја омекне вашата коса и ќе ја направи полесна за обликување. Чешлајте ја косата додека ја сушите. Нема да има потреба од дополнително исправување со преса.
Не ја тријте косата со пешкирот. Многу жени мислат дека доколку грубо ја истријат косата со пешкир ќе го скратат времето на сушење. Грубото триење со пешкир може само да ја уплетка и замрси косата. А освен тоа ќе ја искинете многу лесно.
Оставете влагата нека работи за вас. Замотајте ја мократа коса во мек пешкир и оставете нека ја упие целата влажност. Нанесете регенератор кој не се измива. Тоа ќе ви го олесни обликувањето на косата.
Доколку вашата коса е со должина до брадата или пократка, додека ја сушите чешлајте ја наназад. Тоа ќе и даде волумен и убав пад кога ќе ја наместите на патецот на која ја носите.
