Дестинации

Водопадите Вернал

Едни од најубавите водопади во светот, се и водопадите Вернал, кои се наоѓаат во Националниот Парк Yosemite, во Калифорнија. Нивната височина изнесува 97м.  Магливата патека, специфична за нивниот изглед е круцијалниот елемент, кој води до самите водопади, а на туристите им овозможува ексклузивна глетка. Важен момент е тоа што всушност тоа е местото каде водопадот се приклучува на извор кој дополнително ја надополнува оваа убавина. Должината на патеката, која всушност води до ова место е околу 2 километри. Во горниот дел на водопадот, пешаците уживаат и дел од глетката на Емералдниот извор, кој името го добил по специфичната зелена боја, дефинитивно одмор за очите, но и прилика за љубителите на пливањето кои особено треба да внимаваат поради екстремноста. Посетителите на ова место не би донеле лоша одлука кога би се одлучиле и за посета на блискиот Национален Парк Yosemite, составен од магични предели. Инаку можноста за сместување вклучува хотели со достојни цени, во смисла на кампови, а доколку сакате да го посетите Националниот Парк Yosemite, Вашиот буџет ќе треба да го скратите за 20 долари.

Write A Comment