Промените се убави бидејќи прават да изгледаме подмладено и свежо. Има девојки на кои фризурите брзо им здодеваат, но има и такви што секогаш носат иста фризура и забораваат да посетат фризерски салон со години.
За да видите дали спаѓате во втората категорија, побарајте ги следните карактеристики кај својата коса:
– Вашата коса нема волумен.
Косата во делот кај коренот секогаш е исправена и се лепи, додека врвовите се бујни и личат на грмушка. Секогаш мора да ја пеглате или да ја виткате за да изгледа убаво. Само измиена и исушена со фен добива форма на триаголник.
– Пријателите што одамна не сте ги виделе ви велат дека од средно воопшто не сте се промениле.
Ова е најдобриот показател дека секогаш изгледате исто. Во ред е ако тоа ви се допаѓа, но можеби е време да разгледате некое списание. Не мора да правите крупни промени, доволно е да направите кркми и веднаш ликот ќе ви се смени.
– Издвоените прамени премногу двојат од основната боја на косата.
Со текот на миењето бојата се менува, станува сé побела или пожолтува. Без оглед што често ја миете, косата секогаш изгледа мрсна. Или ќе мора да чекате прамните да израснат, можете да ги бојосате со боја како природната коса или да извадите нови прамни. Шатирањето обично се прави на секои 3 месеци.
– Повеќе не добивате комплименти за изгледот на косата.
Ова не значи дека веднаш треба да заминете на стрижење, но може да се обидете да ја носите косата на поинаков начин. Не бидете толку заљубена во пеглата. Направете благи кадрици, расцепете ги кркмите и ќе добиете гламурозен стил.
– Вашата коса се совпаѓа со тенот.
Ако вашата коса е премногу блиска со тенот, тогаш можете да размислите за шатирање. Издвојте потемни прамени што навистина ќе ве освежат, а и шминката ќе ви стои поубаво. Шатирањето не е толку болна процедура за косата.
– Облеката се промени, но косата остана иста.
Точно е дека новото парче облека ќе го забележи секој, барем тие што секој ден се со вас. Но, за да бидете поинаква од глава до петици, мора да обрнете внимание и на косата. Облеката не може да ве освежи толку колку што може новата фризура.
– Доволен е еден збор – сено.
Можеби ја добивте посакуваната боја, но сé е залудно ако вашата коса е мртва и без сјај. Размислете за некој третман, купете нова маска и еднаш во месецот ставајте ѝ ампула. Скратете ја со интересна должина и ќе изгледате шик.
– Косата секогаш ја носите собрана во опавче.
Досадно е постојано луѓето да ве гледаат залижана, а ризикувате и косата да ви опадне. Повремено мора да ја пуштите за да може слободно да дише. Направете кркми или купете шноли за да ја носите полуфатена.
– Ви треба минимум половина час за да ја средите косата.
И покрај тоа што сте тазе потстрижани, вие секое утро доцните на работа бидејќи никако не можете да излезете на крај со косата. Мора да разговарате со фризерот или да појдете кај нов за да ја поправите грешката.
– Вашиот фризер ве средуваше со затворени очи.
Наместо разубавена, од салонот излеговте осакатена. Не измачувајте се со таквата коса. Вам очајно ви е потребна промена. Обратете се кај поискусен фризер, сигурно ќе знае како да ви помогне.
