Убавина

Времето поминато пред огледало

За време на својот живот, просечната жена троши цели три години посветени на нејзиното разубавување. Најчесто се средуваат за на работа, најдолго за излегување. На секое туширање во просек трошат по 22 минути, за правење на фризурата по 23.

На секој маж барем еднаш му се случило со часови да ја чека својата драга додека се спреми за излегување, а на многумина тоа им се случува редовно. Просечните мажи трошат три месеци од животот чекајќи нивната драга да се среди. Но, ова не е ништо во споредба со времето кое жените го трошат за да бидат убави.

Една британска козметичка компанија спровела истражување кое покажува дека жените скоро три години од својот живот трошат на шминкање, чешлање и облекување пред огледало.

Просечната жена на туширање и депилирање троши 22 минути, 7 минути и се потребни за нанесување на млекото за тело, околу 23 минути за сушење на косата и правење на фризурата, 14 минути во просек за нанесување на шминката и шест минути за облекување (доколку претходно одлучила што ќе носи).

Се изненадивте од бројките?

Изненадена била и козметичката компанија Preston која го нарачала истражувањето.

Според најновите истражувања во Британија, децата под 5 години треба да вежбаат (вклучително и оние што сè уште не прооделе), за да имаат правилен психофизички развој.

Write A Comment