After Midnight

Времето vs сексот! Победник е….

На жените често им се префрлува дека се незаинтересирани за секс, а на мажите дека не размислуваат за ништо друго. Но, се чини дека и едните и другите имаат подеднакви сексуални желби и потреби, па проблемот се јавува бидејќи ги немаат во исто време.

Сексолозите забележале дека желбата за секс и уживањето во него многу варираат зависно од полот и периодот од денот. Во ова би можело да лежи решението на сите недоразбирања и потенцијални караници помеѓу партнерите, бидејќи единственото што треба да се стори е да се синхронизира времето, без разлика на обврските и – да се ужива.

 

Од 6 до 8 наутро

ЖЕНА : Иако е веќе будна, нејзиното тело сеуште не е спремно за секс. Количината на мелатонин (хормонот за спиење) сеуште е високо, а температурата на нејзиното тело почнува да се зголемува. Нормално, можно е и да посака секс во раните утрински часови, а никако не смее да се избегнува предиграта, бидејќи тоа е единствениот начин да се разбуди, загрее и вистински да ужива.

МАЖ: Што се однесува до сексуалната возбуда, повеќето мажи својот врв го доживуваат во ова време. Им треба малку возбуда и енергија за почеток на денот. Но, тогаш обично се брзи со оргазмот. Жените не може да се надеваат на секс подолг од 3 – 4 минути.

 

Од 8 до 10

ЖЕНА: Будна е и спремна за секс. Количината на ендорфинот (хормонот на среќата и расположението) во крвта го достигнува својот максимум, па затоа на повеќето жени за “напалување” ќе им биде потребно сосема малку.

МАЖ: Сега е фокусиран на работата. Количината на тестостеронот се смалила на нормала, па доколку сака да го возбуди, на жената ќе и биде потребно повеќе време.

 

Од 10 до 12

ЖЕНА: Рецепторите веќе се изостриле, па сега може да извлече максимално уживање од орален секс. За среќа, мажите скоро секогаш се спремни да го пружат тоа доколку се побара од нив.

МАЖ: Повторно е во фаза на размислување, па во овој период би претпочитал повеќе да фантазира за секс, отколку да го направи првиот чекор.

 

Од 12 до 14

ЖЕНА: Во овој период е целосно активна и презафатена за да се фокусира на уживање.

МАЖ: За време на паузата за ручек секогаш е расположен за малку лудории и би му било повеќе од драго партнерката да му се придружи во некоја сексуална активност.

 

Од 14 до 16

ЖЕНА: Далеку од тоа дека на памет и паѓа желба за романтичен секс, во неа се будат инстинктите – инвентивно, диво и грубо.

МАЖ: Во исто време неговата сперма е со најголем квалитет. Доколку се стреми кон потомство, тогаш дефинитивно е време за акција.

 

Од 16 до 18

ЖЕНА: Повеќето жени во попладневните часови не се спремни за подолги сексуални активности. Во обѕир доаѓа секс набрзина.

МАЖ: Спремен е за акција и не сака спор секс. Му треба нешто брзо и страсно за да се испразни од стресот и негативната енергија.

 

Од 18 до 20

ЖЕНА: Треба да ја врати изгубената енергија, па на памет и доаѓа само храна. Но, без разочарување. Ова е вистинскиот период за искажување љубов, разговори, комплименти…

МАЖ: Ни на мажите не им е баш до секс во овој период од денот. Се што сака тој е храна и одмор.

 

Од 20 до 22

ЖЕНА: Најдоброто време да добие се што сака, полека и нежно. Преполна е со енергија и подготвена за преземање на иницијатива.

МАЖ: Спремен е да и ги исполни сите желби на својата партнерка. Женскиот и машкиот сексуален “часовник” во овој период чукаат како еден.

 

Од 22 до полноќ

ЖЕНА: Количината на мелатонин драматично се зголемува околу полноќ. Нејзиното тело спие иако се уште е будна. Шансите за некоја акција не се баш големи, но би можела да загриза на романтика.

МАЖ: Целосно е опуштен, но се уште не му се спие. Спремен е за долго и бавно водење љубов.

 

Од полноќ до 6 наутро

ЖЕНА: На нејзиното тело му е потребен одмор и целосно е опуштена.

МАЖ: Неговото тело е во длабок сон од кој може да се разбуди само со многу труд.

Напиши коментар