Ви го претставуваме новиот хорор филм на Вилијам Брент Бел со наслов „The Devil Inside“, кој треба да се појави во кината од февруари, следнава година.
Во филмот на студиото „Парамаунт“, главните улоги ќе ги играат Сајмон Квортерман, Фернанда Андрејд и Еван Хелмут.
Во центарот на приказната се наоѓа една жена која верува дека нејзината мајка брутално убила тројца луѓе бидејќи била ментално луда. Кога дознава дека убиствата се случиле за време на егзорцизмот, таа ќе се реши да ја открие правата вистина. Додека со една филмска екипа го снима своето искуство во Италија, таа случајно ќе се вплетка во низа неовластени егзорцизми.
Официјално, во кината ќе може да се види на 16-ти Февруари, 2012 година.
Еве го и трејлерот:
