After Midnight

За среќен ден…

Светлината штотуку влегла во вашиот дом, пред вас е убав ден …Само доколку  не губите време, туку се „фрлете“ на фантастичен утрински секс со вашиот партнер. Искористете го утрото до максимум и започнете го денот со насмевка!

Чувство на близина

Кога доживувате оргазам (или кога само го поминувате времето во галење и допирање), вашите тела ослободуваат окситоцин, супстанца која научниците ја нарекоа „хормон на галењето“. Таа помага да се поврзете и да се почувствувате блиски. Па така, со добивање на вашата дневна „доза“ окситоцин, ќе се чувствувате поврзани и „занесени“ во текот на целиот ден.

Неговиот сексуален врв 
Сексолозите велат дека нивото на тестостерон кај мажите е највисоко во утринските часови. Тоа значи дека тогаш тој најлесно се возбудува, а воедно и мажот и жената имаат најмногу енергија во утринските часови. Ноќе, голем дел од енергијата е веќе потрошен во текот на работниот ден, а другиот дел го користите за јадење и други секојдневни обврски. Затоа сексот во утринските часови може да биде сосема поинаков и поенергичен од оној навечер.

Нејзиниот утрински поход
Мажите најчесто се будат „тврди“, што нужно не значи дека се сексуално возбудени, но зошто жената да не го искористи овој момент? Сексологот Јан Кернер го дава следниот совет: „Нежно земете го во уста и употребете го јазикот за да го притиснете пенисот. Започнете полека и нежно, за да има доволно време да се разбуди и да сфати дека не сонува… тогаш, кога ќе биде наполно свесен, можете да ги употребите и рацете и да го возбудите доволно за да осигурате добар секс“. Ова е една од приликите кога реалноста е навистина подобра од сонот!

Разголете се и уживајте
Не е случајно што повеќето фото-сесии со згодните фото-модели се случуваат рано наутро. На крајот на еден просечен ден – седење со часови во канцеларија, грицкање, ручање, а можеби и чаша-две вино, вашето тело не изгледа веќе најдобро. Шансите се дека вашиот стомак е поподуен од утрината, а кожата е поуморна, и тоа се забележува. Но пред да се огласи утринскиот аларм, вашата кожа е сѐ уште мека како алабастер, а вашиот стомак е рамен. Искористете го моментот, разголете се, и „отсликајте“ му на вашиот партнер неколку прекрасни слики кои ќе ги носи со себе до крајот на денот.

Помирисајте го!
Мирисот на машкото тело може да направи чуда за сексуалното здравје на жената. Една студија од Универзитетот во Пенсилванија открива дека на жените со нередовен менструален циклус на кои им било дадено да помирисаат јак машки мирис, циклусите им станале поредовни. Воедно, тоа е и добар начин да се возбудите. „Кога некој силно ве привлекува, неговиот или нејзиниот мирис може да биде силен афродизијак“, велат сексолозите. Па затоа слободно помирисајте!

Да се измијат заби или не?

Да се искрадете од спалната и да се освежите набрзина во купатилото звучи како добра идеја, но ако ги миете забите, земете барем една чаша вода со вас кога ќе се враќате назад. Зошто? Затоа што можеби потоа ќе му биде незгодно да се бакнува со вас. Дајте му неколку голтки вода, или пак една мастика, за да се чувствува попријатно.

Употребете позиција во која ќе изгледате најдобро 
Мисионерската позиција не е најдобра за утрински секс, бидејќи ќе си дишете во лице. Ако не успеавте да се освежите во бањата, заборавете на оваа позиција. Затоа најдобро е да употребите позиција во која совршено ќе си го покажете телото, на пример вие да сте одозгора. Поради утринското светло, вашето тело ќе изгледа прекрасно. А бидејќи утринскиот секс започнува пополека, за потоа да стане поенергичен, ова е совршената позиција за почеток. „Добро утро“ на оргазмот!

Позиција: лажица
Иако сте одморени, утринскиот секс не мора да биде полн со акробации. Уште една убава позиција е позицијата „лажица“, каде двајцата сте легнати во креветот (тој е зад вас, вие сте свртени со грбот). Ова е одличен начин да практикувате побавен секс, што може да го направи уживањето уште поголемо. Оваа позиција може да биде многу романтична и многу секси во исто време.

 

 

Write A Comment