Масажата на лице е најпопуларен третман за убавина кој помага да се врати тонусот на мускулите на лицето, го забавува процесот на стареење на кожата и помага во враќањето на младешкиот изглед. Исто така, се користи за ублажување на стресот, мигрената и проблеми со синусите.
Едноставна масажа можете да направите дома или пак да се препуштите на специјалистите кои ќе го сторат тоа. Предностите на масажата се:
- Подобрување на тонусот на кожата и мускулите на лицето;
- Спречување на процесот на брзо стареење на кожата;
- Опуштање на очните мускули;
- Намалување на напнатоста и главоболките
- Отстранување на стресот
- Физичко и ментално опуштање
Доколку немате време за козметички салони, можете тоа да го сторите сами. Потребно ви е масло или лосион соодветен за вашиот тип на кожа. Започнете со масажа од коренот на вратот и со нежни движења одете кон вилицата. Прво измасирајте ја брадата, делот околу усните, образите и ушите. Околу очите масирајте со кружни движења. Завршете со челото, каде што треба да масирате со двете раце во средината и со полукружни движења спуштете се кон слепочниците. Целата постапка повторете ја пет пати.
