Убавина

Збогум стомачни масни наслаги

Без разлика на надворешните температури и гардеробата која ја носиме, отсекогаш ни било важно прашањето како на најбрз и најздрав начин да дојдеме до рамен стомак, без „масни перничиња“. Понекогаш и диетите, вежбањето и скапите препарати не излегуваат во пресрет. Меѓутоа постојат ефикасни начини кои значително ќе ги намалат несаканите масни наслаги околу стомакот.

Секојдневно јадете го вашето омилено јадење. Истражувањата покажуваат дека жените кои во текот на 5 недели 5 пати го имаат вкусено омилениот сендвич,  подоцна го намалиле неговото конзумирање, поради тоа што не им бил „забранет“.

Практикувајте диета секој втор ден. Наместо секојдневно да се изложувате на глад и откажување од вашите омилени намирници, секој втор ден намалете ја исхраната.

Заборавете на стомачни вежби. Тие тонизираат мала група мускули, а наместо нив до побрзи резултати ќе дојдете со склекови .

Секојдневно консумирајте растворливи влакна. На  Вашето секојдневно мени, задолжително да се најдат јаболкото или грашокот.

Молете се. Медитирајте. Колку и да звучи неверојатно хармонијата на телото и умот помага во редуцирањето масни наслаги.

Внесете кокосово масло во Вашата исхрана. Има антибактериски својства и го поттикнува метаболизмот. Тие се клучни сојузници во борбата против масните наслаги.

Со внесувањето лимон, ќе ги намалите гасовите. Тој е природен благ диуретик , само внимавајте да не претерате. Испијте чаша вода со четвртина од лимонот.

Засладете го Вашето дневно мени со круши. Со тоа ја намалувате гликозата во крвта

Задолжително појадувајте. Најважен оброк во денот е оној со кој го започнувате. Едноставно, ја дава сета потребна енергија.

Додајте зачини во исхраната. Намалете ја желбата за благо и уживајте во вкусовите на чили пиперките во прав. Со апсорцијата која ја вршат на карбохидратите, после обилиот оброк…направиле многу за Вас !

Write A Comment