Celebrity

“Железната дама” и нејзината неверојатна животна приказна!

Филмското остварување на режисерот Филид Лојд со наслов „Iron Lady“, кој говори за поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, конечно пристигнува.

Ликот на прочуената Маргарет ќе го игра неприкосновената Мерил Стрип, а улогата на нејзиниот сопруг ја доби оскаровецот Џим Бродбент. Мерил вели дека не се согласува со политичките ставови зад кои стоеше легендарната премиерка, но дека по оваа улога ги ублажила своите ставови и не ѝ суди толку строго на Тачер како порано.

Премиерата на филмот е најавена за јануари, 2012 година, а британските медиуми типуваат дека Стрип би можела да добие Оскар за ова филмско остварување, односно за улогата на „железната жена“.

Погледнете го трејлерот:

Напиши коментар