Celebrity

Жељко Јоксимович пак на Eвровизија!

Србите повторно го праќаат Жељко Јоксимович на изборот за песна на Евровизија, овој пат во мај во Азербејџан.

За разлика од претходните години која публиката го бираше претставникот за на Евровизија, овој пат телевизијата RTS го доби ексклузивното право да го избере српскиот претставник. Изборот паднал на досега најдобро рангираниот пејач од Србија, односно Жељко Јоксимович.

Песната за прв пат ќе биде чуена на почетокот на идната година во специјална телевизиска емисија, соопштуваат на сајтот на RTS.

Во 2004 година со песната „Лане  моје“, Жељко го освои второто место, а во 2008 година Јелена Томашевиќ го освои шестото место со песната напишана од Жељко – „Оро“. Сега Србите се надеваат на шампионското место.

Напиши коментар