Убавина

Жената и облеката

Просечна жена пробува повеќе од 21.000 парчиња облека во текот на нејзиниот живот, но купува помалку од половина од нив. Гледано просечно, жените одат на шопинг 4 пати во месецот и секој пат пробуваат 10 парчиња, фармерки, здолништа, кошули, фустани или обувки. Тоа значи дека секој месец пробуваат 40 парчиња, што кога ќе се собере излегуваат неверојатни 480 на година.

Како и да е, само 4-5 парчиња од еден шопинг пристигнуваат во фиоките на понежниот пол и многу се веројатни шансите едно од тие подоцна да биде вратено, а уште поголеми се шансите уште едно никогаш да не биде облечено.

Ова се главните причини поради кои некои жени ја враќаат својата купена облека:

1.    Не ми стоеше убаво

2.    Не ми се допаѓаше доволно

3.    Го сменив мислењето

5.    Најдов нешто слично / поевтино на друго место

6.    Партнерот / другарот ми рече дека не ми одговара

7.    Немав на што да го носам

8.    Задникот ми изгледаше претерано голем

9.    Колковите ми изгледаа преголеми.

10.   Градите ми изгледаа невообичаени.

 

Исто така истражувањата покажале дека секоја втора жена пробува облека без никаква намера за купување

Портпаролот на Ламбрини (Lambrini), кој што го спровел истражувањето на 3.000 жени рекол: ,,За многу жени, пробувањето на различна облека е најдобриот дел од шопингот.”

Исто така многу часови се потрошени во соблекувалните кога повеќе другарки облекуваат чудни и незамисливи парчиња кои што никогаш не би им ни текнало да ги носат во јавноста. За некои пак, шопингот е само изговор за да пробаат облека создадена од некој познат дизајнер, што не е ни чудо ако ги погледнеме цените на некои нивни креации.

Write A Comment