After Midnight

Женски лаги во кревет

Факт е дека лагата не е секогаш лоша работа, особено ако со неа постигнувате нешто добро, но бидете умерени. Верувајте, вашата друга половина ќе знае кога лажете.

Ние сме жени и ги лажеме мажите во кревет! И не само таму, добро лажеме и надвор од креветот! Зошто? Бидејќи лагите секогаш изгледаат поедноставни од вистината, а понекогаш и се. Зошто да кажеме нешто што не ни оди во прилог, зарем не?

Сите знаеме дека за сериозна врска потребни се искреност и почит кои со лага не можеме да ги постигнеме. Сепак, многу жени ги користат лагите за да го добијат она што го сакаат. Знаеме дека и машката страна не е секогаш искрена, но иста така се свесни и до одредена мера дека лажете, но понекогаш едноставно не им е гајле, бидејќи после вашите слатки лаги во кревет се чувствуваат подобро, од што на крајот и вие самите имате корист.

Никој не може да ве спречи да лажете, тоа е ваша морална одлука во моментот кога ја кажувате, но имајте на ум дека една лага може да ја потенцира потребата за други лаги или ќе бидете фатени во лага што воопшто не е пријатно. Факт е дека лагата не е секогаш лоша работа, особено ако со неа постигнувате нешто добро, но бидете умерени. Верувајте, вашата друга половина ќе знае кога лажете!

 

Еве кои ваши лаги најверојатно ќе бидат прочитани уште истиот момент кога ќе излезат од вашата уста.

„Ти си најголемиот кој некогаш сум го имала “

Оваа лага можеби ќе помине кај мажите, доколку знае дека сте имале мало сексуално искуство пред него. Но жени кои имаат мало сексуално искуство најчесто не ни кажуваат такви работи во кревет. Од друга страна, факт е дека мажите сакаат да ја чујат оваа лага. Па ако му помага и му дава поголема самодоверба во кревет, зошто да не?

Наш совет: Најдете го најдобриот можен момент, можеби и за време на самиот секс и кажете му го тоа. Во тој момент ќе поверува во.

„Беше добро, навистина… “

Ова е лага која сите мажи сакаат да ја слушнат после лоша партија секс, а која бола лоша поради негова вина. Верувајте, најголемиот дел од мажите ќе бидат свесни дека не се покажале баш, без разлика дали недостигала потребната хемија, дали пребрзо свршиле или било која друга причина. Мажите го имаат тој инстинкт дека едноставно не биле добри во кревет.

Наш совет: Кога му кажувате дека било добро, а всушност не било, тој ќе знае да го цени тоа. Она, што можеби ќе му биде најважно е дека после вашите очигледни лаги, вие сепак му давате шанса да се поправи. Сигурно ќе се потруди да добие 5+. Немојте да му го кажете тоа, а потоа да се свртите, да заминете и веќе никогаш да не се јавите. Зошто тогаш лажете?

 

“Ќе ти се јавам”

По секс без обврски, колку пати сте слушнале од маж „Ќе ти се јавам “, а не го ни побарал вашиот број?

Жените во тој поглед се многу добри ученички и исто така знаат да лажат со насмевка на лицето. Што ќе добиете со таква лага на крајот? Ќе го чека вашиот повик кој никогаш нема да дојде, а и вие на крај нема да се чувствувате подобро.

Наш совет: Наместо да кажете „Ќе ти се јавам “, кажете „Беше супер, можеби ќе се видиме пак “. Никогаш не се знае, можеби навистина повторно ќе се видите.

“Овој викенд ми доаѓа пријател…”

„… и не можам да се видам со тебе “, лага која сите мажи ќе ја провалат во секунда. Всушност, речиси како директно да ќе му кажете „Извини, не можеме да се видиме бидејќи за викенд ќе се најдам со мојот дечко/љубовник со кој страсно ќе водиме љубов и ден и ноќ “. Најголемиот број мажи повеќе ќе ја ценат искреноста отколку таква ваша изјава, без разлика дали вашиот пријател е најголем хомосексуалец, бубалица или Казанова.

Наш совет: Ако навистина ви доаѓа пријател за викенд, запознајте го со вашиот дечко или пак лажете до крај и кажете дека сте болни и не можете да станете од кревет. Еден дел ќе биде и вистина (по страсното водење љубов).

 

“Никогаш не пијам многу…”

“…не знам што ми е денес “уште една лага во која ниту еден маж нема да поверува. Всушност таа лага нема многу смисла, можеби само во момент на непријатна пијана ситуација, кога ќе сретнете некој кој ви се допаѓа. Мажите најчесто тоа ќе го одбијат, па иако до некаде е вистина дека не пиете многу или често, нема да ви поверуваат.

Наш совет: Немојте да криете дека сте пијани, бидејќи ќе знаат дека сте пијани. Можеби е подобро во тој момент да се потпрете на него како спасител во вашето непланирано пијанство, па да го замолите да ве однесе дома, да ви донесе чаша вода, следниот ден да ве однесе на кафе… “

 

„Ова никогаш претходно не сум го правела…“

Добро, можеби во тој момент нема да лажете, особено ако сте биле добри во тоа што сте го правеле. Можеби навистина сте природен талент или тој исто така ве лажел дека сте биле навистина добри. Но, лагите некаде мораат да престанат, па тогаш нека престанат со вас.

Наш совет: Можеби оваа лага во последен момент може да има предност, но како се вели „На лагата ѝ се кратки нозете“, потрудете се навреме да побегнете од нив…

 

 „Сум спиела само со двајца мажи. Се колнам!“

„А што е со останатите 5, 10 или повеќето нив? Тие не се бројат?“, веројатно ќе се праша вашата друга половина.

Наш совет: Немојте да разговарате за вашиот „магичен“ број на сексуални партнери, бидејќи секој маж би сакал да сте девица. Без разлика дали сте спиеле со еден, два или сто, тој би сакал да го избрише вашето сеќавање и повторно да ве направи девица.

 

„Сè е во ред…“

Тоа е еден од женските одговори кој мажите не сакаат да го слушнат, а жените сакаат да го употребуваат бидејќи мислат дека лесно ќе се извлечат.

Можеби неколку пати ќе ве пуштат да живеете во блажено незнаење, но подоцна ќе стигне наплатата.

Наш совет: Да е сè во ред можеби нема да морате да ја изговорите таа реченица. Немојте само да ја изговарате – пречесто.

 

„Јас всушност воопшто не знам да лажам “

Ја знаете онаа приказна за Пинокио и неговиот долг нос? Кога ќе ја кажете таа реченица, веќе сте кажале лага. Добро, можеби не сте една од оние кои стално лажат и го гледате другиот во очи, но мали бели лаги секогаш биле дел од секојдневната интеракција. Без нив никој од нас не би опстанал во денешниот свет.

Наш совет: Веруваме дека со реченицата „Мислам дека сум добра во лажење“ ќе добиете повеќе почит и кредибилитет кај мажите, а со тоа ќе почнат и повеќе да ви веруваат. Поентата е во обратната психологија.

Write A Comment