After Midnight

Женски причини за неверство

Недостаток на секс

Ти текнува ли на старите добри времиња кога беше способен да издржиш целовечерен маратон во кревет? Океј, годините си го прават своето, па пред да се свестиш, спиењето станува поважно од сексот. Епа, жените сакаат да се чувствуваат посакувани. Доколку не и овозможиш да се чувствува така, може да и овозможи некој друг.

Лоша девојка

Исто како што мажите понекогаш сакаат да си ги исполнат нивните диви сништа, така и некои од жените внатре во себе чуваат “диво маченце” кое чека да излезе на слобода – а кога ѕверчето ќе избега од кафезот, внимавај. Ваквото однесување најчесто е предизвикано од некои промени во животниот стил – нова работа, нови пријатели, губење на прекумерната тежина, средовечна криза…

Одмазда

Доколку се почувствува повредена и изневерена, ќе сака да ти врати на истиот начин.

Недостаток на интимност и блискост

Мислиш дека имаш се? Куќа, нов автомобил, бизнис…внимавај. Во врската е лошо кога жените ќе почувствуваат недостаток на интима. Не, сексот не е единственото нешто кое жените ги прави да се чувствуваат убаво во врската, тука се и допирите, бакнежите, комуникацијата, нежноста. Жените копнеат по ова, а можат да го побараат и на друго место доколку го немаат дома.

Чувство на игнорираност/потценетост

Жените се соочуваат со повеќе улоги во врската – домаќинка, бебиситерка, готвачка… Доколку почне да се чувствува повеќе како слугинка отколку како девојка или сопруга – иднината не ви е баш розева. Фактот дека поминуваш повеќе време на работа или во кафана може да и даде причина плус да побара внимание на друго место. Не, не треба да си дадеш отказ од работа, но можеш да и заблагодариш за сите нејзини несебични дела околу домаќинството, а и да и помогнеш.

 

Write A Comment