After Midnight

Женски сексуални фантазии

Ги усовршивте сексуалните основи и сега сте спремни да бидете палави и да експериментирате? Пред да се препуштите на исполнување на своите сексуални фантазии, треба да знаете како да му го предложите тоа на вашиот партнер.

Еве неколку згодни начини како да ја проверите неговата подготвеност:

1. Искористете ја интимната ситуација кога и двајцата сте опуштени и раскажете му на партнерот за вашиот секси сон од претходната вечер, всушност раскажете ја својата фантазија и внимавајте на неговата реакција. Доколку почне да ве прашува за детали, заинтересиран е и спремен. Признајте му дека тоа е всушност ваша стара сексуална фантазија и сакате да ви ја исполни.

2. Гледајте заедно филм во кој има сцени кои се слични со вашата фантазија.

Ви изгледа заинтригиран, или е згрозен? Ако гледа внимателно и со широко отворени очи, приближете се и шепнете нежно „Колку е ова жешко„?

3. Поклонете му на партнерот секси книга и натерајте го да ја читате заедно, или пак на глас да ви ги чита вашите омилени делови.

Write A Comment