Повеќето од нив се доста логични и веројатно и ги практикувате, но никогаш не е излишно едно потсетување, за најдобри резултати.
Приберете ја косата – ставете шнолички, врзете ја…што и да направите само тргнете ја од лицето да не ви пречи.
Темелно исчистете го лицето. За да се апсорбира најдобро маската, лицето треба да е апсолутно чисто, бидејќи она што прво се аплицира на чиста кожа најдобро се упива и само тогаш го добивате саканиот ефект.
Нанесете ја маската и на деколтето и вратот. Најчесто маската се нанесува само на лицето, но вратот и деколтето се исто толку важни како и лицето. Не само што се изложени постојано на надворешните штетни влијанија, туку како и лицето се секогаш на показ. Ако ви остане уште од маската, слободно нанесете и на рацете.
Никогаш не ја нанесувајте маската во областа околу очите. Таа кожа е навистина многу чуствителна и затоа оставете ја чиста. За нега на оваа зона постојат специални неагресивни и прилагодени препарати.
Пробајте да се релаксирате додека сте со маска. Не зборувајте и легнете. Најдобро време за маска е кога се одмарате во када со вода.
Оставете ја маската да делува точно онолку колку што пишува во упатството. И повеќе и помалку од пропишаното не е во ред.
Во упатството за употреба погледнете на кој начин треба маската да се измие или одстрани од лицето и исто така многу важно не заборавајте да го проверите рокот на употреба.
