За повеќето мажи, бакнежот претставува само начин за да дојдат до секс, па со тек на време се повеќе губат интерес за бакнување, а би имале секс и со личност која воопшто не знае да се бакнува. За разлика од нив, кај жените работите се малку покомплицирани. За жените бакнежот е пресуден.
Доколку сликата вреди илјада зборови, толку би можело да вреди и бакнежот – барем кога се жените во прашање. Тие го користат бакнувањето за проценување на примателот како можен партнер, а кога ќе стапат во врска со него, како начин за одржување на интимноста и инструмент за проценување на статусот на врската.
За разлика од нив, мажите на бакнувањето му придаваат далеку помало значење, користејќи ги бакнежите само за да ги зголемат шансите за да дојдат до секс, тврдат психолозите.
Имено, мажите немаат проблем да се впуштат во сексуален чин без бакнување, да имаат секс со жена која не им е толку привлечна или со жена која се бакнува лошо.
Исто така, психолозите велат дека на жените бакнувањето им е подеднакво важно и во поодминатиот период од врската, додека мажите со текот на времето го губат интересот.
