Здраво тело

Зошто се прозеваме???

Нашироко е позната претпоставката дека прозевањето се случува кога сме изморени или ни е досадно, или пак едноставно ќе видиме некој друг како се прозева; но не постојат цврсти докази кои ја поддржуваат оваа претпоставка. Научниците сеуште не ги познаваат сите биолошки механизми на прозевањето, но се согласуваат дека тоа е неусловен респираторен рефлекс, при што се отвора устата и се вдишува длабоко, со што се регулира нивото на јаглерод диоксид и кислород во крвта.

Кога некој ќе се прозевне, неговата будност се зголемува, бидејќи наглото вдишување на кислород ја зголемува работата на срцето, се чистат белите дробови и крвотокот од вишокот на јаглерод диоксид и се внесува кислород преку крвта до мозокот, при што се воспоставува нормално дишење и вентилација на белите дробови.

Исто така, познато е дека прозевањето е „заразно“. Тоа всушност е резултат на моќта на сугестија. Сеуште не е познато и зошто фетусот во утробата на мајката се прозева, бидејќи тој не вдишува кислород пред да се роди, или зошто луѓето со висока концентрација на кислород во крват се прозеваат.

Се додека не се одговорат овие прашања, немојте да претпоставите дека штом некој во вашата близина се прозевне се досадува од вашиот разговор, или се изморил од вашето присуство. И секако, се надеваме дека не се прозевнавте додека го читавте овој текст  🙂 .

 

Write A Comment