After Midnight

Зошто сексот и алергија од оревите се опасна комбинација ?

Луѓето кои се алергични на ореви би требало пред секс да проверат дали партнерот можеби јадел храна на која е алергичен.

Една Британка стана првиот човек која имала алергиска реакција на храна за време на секс. Нејзиниот дечко јадел неколку бразилски ореви пред да го обземе страста, а бидејќи од неодамна дознала дека е алергична на ореви го замолила добро да си ги измие рацете и забите.

За време на сексот жената потекла и останала без здив а лекарите во болницата претпоставиле дека добила сериозна реакција на протеини од оревите од плунка или пот од својот партнер. Меѓутоа, кога ги објасниле сите мерки на претпазливост кој биле превземени од страна на лекарите одлучиле да ја проверат спермата. И на партнерот повторно му дале да јаде ореви и земале примерок од сперма пред и после јадењето. Потоа и ставиле дел од спермата на девојката под кожата. Таа добила алергиска реакција на вториот примерок сперма, кој нејзиниот партнер и го дал откако јадел ореви.

Напиши коментар