After Midnight

Зошто сум сама?

Ако се уште си сама, а не ти е јасно зошто е тоа така, можеби ќе се препознаеш себе си во некоја од следниве видови на состојби на стравот.

 

Страв дека засекогаш ќе останеш соло

Твоите пропаднати врски, но и оние на твоите пријателки, те увериле дека ќе ти биде тешко да најдеш момче, особено ако отсекогаш си замислувала дека во овие години во кои си сега веќе требаше да бидеш во сериозна врска. Проблемот е во тоа што со ваквото размислување ќе станеш депресивна личност, која се помирила со фактот дека ќе остане соло, а момците тоа на километри ќе го намирисаат. Жената која оддава впечаток дека не би можела да биде сама(осамена) е многу непривлечна, а машките се плашат да бидат во друштво на такви женски, од страв да не се залепи за нив.

 

Страв дека ќе го изгубиш

Некои жени толку многу се плашат да не го изгубат фраерот, што започнуваат панично да бараат начини за да го задржат, дури и кога за тоа нема никаква причина. Љубомората, посесивноста и стравот тогаш стануваат кочница во вашата врска, бидејќи момците не сакаат женски покрај кои се чувствуваат како да се во кафез. Ваквото однесување е контрапродуктивно, бидејќи поради стравот да не го изгубиш би можело да ти се случи навистина да го изгубиш.

 

Страв дека ќе биде ист како твојот поранешен дечко

Поранешниот твоето момче бил кретен, и ти сега се плашиш дека другиот фраер ќе се однесува подеднакво лошо кон тебе, Освен што ова не е фер спрема новото момче, лесно ќе се обесхрабри дури и кога би имал намера да биде добар, бидејќи знае дека го очекуваш само најлошото од него. Во врска мораш да влезеш сосема растеретена од старата врска, а тоа значи дека мора да го прифатиш ризикот и да се надеваш на најдоброто.

 

 

Напиши коментар