After Midnight

Зошто умира љубовта?

Една од причините за изчезнување на љубовните чувства е секојдневието односно битовите проблеми, тврдат психолозите. Кога младиот пар ќе почне да живее заедно, по правило се почнува брзо да се менува. Розовата завеса пред очите набрзо паѓа и започнуваме да ги забележуваме негативните црти на нашиот партнер и тогаш почнуваат кавгите, скандалите, разделбата…Причината е проста и јасна – не се разбираме. Процесот на постигнување синхронизација во односите на двајца возрасни не е лесен, необходни се многу трпение и мудрост. Ако ова го постигнете љубовта може да станува се посилна со текот на годините, а не да исчезне како искра во ветерот.

Втората причина е разликата но не во карактерите туку во интересите. Често среќаваме парови со слични карактери но сепак хармонијата во врската ја нема. Причината повторно е истата, во почетокот на врската и двајцата се стремеле да се допаднат еден на друг, и за целта правеле компромиси, но сега едноставно се уморни од тој театар.

Третата причина е љубомората. Во крајна сметка ништо друго не ја убива љубовта така како љубомората. Да живееш заедно со љубоморен партнер е многу тешко, како физички така и психички. Едниот партнер во ваквата врска ја губи својата независност и станува роб на љубоморните промени во расположението на љубоморниот партнер. Со тек на време љубовта си оди а на нејзино место доаѓа омразата.

Четвртата причина за залезот на прекрасното чуство љубовта е – модата. За жал, во овие модерни времиња во кои живееме долготрајните врски и бракот стануваат се помалку популарни и модерни. Нашите родители после 30, дури и после 40 или 50 години сеуште живеат во брак и совршена хармонија, додека модата на денишнацата е разводот и честото менување на партнерите.

Напиши коментар