After Midnight

„ Те сакам“ кај половина од мажите излетува случајно …

Двата слатки збора „ те сакам “ или можат да ја зацврстат Вашата врска или ќе и пресудат. Затоа, со нив треба да бидете многу внимателни…

Анкетата на Guy Survey, која се спроведува од 1995 година, за оваа година откри дека машките се склони кон изјавување љубов дури по неколку алкохоли пијалаци или за време на секс и дека после тоа најчесто се каат.

Дури 56% од 1000 испитаници немаат подобро објаснување за тој „ вербален испад “, освен признанието дека тоа случајно им излетало. Од нив 23% ги изговараат „ магичните зборови“ поради алкохолизираната состојба, а 13% за време на секс.

Иако за жените нема спроведено слична анкета, се претпоставува дека истите работи се случуваат и кај нив. Исто така, не е разјаснето дали изговарањето на тие „ слатки лаги“ е поврзано со желбата жената да се однесе во кревет.

Анкетата открива и дека во 56% од случаите мажите се тие кои први кажуваат „ те сакам “, односно дека 68% од нив бараат сериозна врска.

Напиши коментар